среда, октомври 21, 2026
Дома СВЕТ По разговорите со Зеленски, Виткоф заминува кај Путин: Се откриваат првични детали

По разговорите со Зеленски, Виткоф заминува кај Путин: Се откриваат првични детали

1
EPA/MIKHAIL METZEL

Американскиот државен секретар Марко Рубио во средата изјави дека средбата на специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, со украинскиот претседател Володимир Зеленски била позитивна и дека Виткоф ќе разговара за исходот со Русија.

Рубио исто така повтори дека Вашингтон не го ограничил пристапот на Украина до системот „Старлинк“ на компанијата „Спејс-икс“ – сателитска мрежа која е од клучно значење за воените напори на Украина – отфрлајќи ги наводите дека американската влада била соучесник во забавувањето на таа услуга за украинската војска.

Зеленски во вторникот отпатува во Осло за да се сретне со Виткоф, во обид Украина да ги подобри односите со САД, кои беа оптоварени со тензии околу американската воена помош, размената на разузнавачки податоци и пристапот на Украина до воената верзија на „Старлинк“.

Виткоф денеска треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

За време на неговата посета на Индија, Рубио им изјави на новинарите во Мумбај дека разговорите на Виткоф со украинскиот лидер не донеле никакви изненадувања.

„Сега, вооружен со тие идеи, тој може да замине во Санкт Петербург, да ѝ ги претстави на руската страна, па ќе видиме дали можеме да постигнеме некаков напредок“, рече тој.

Зборувајќи за „Старлинк“, тој изјави: „Она што можам со сигурност да го кажам е дека претседателот на САД, ниту кој било друг во нашиот систем, никогаш не побарал какви било промени во тој систем“.

„Ние не можеме да управуваме со приватна компанија, ниту да диктираме какви одлуки таа ќе донесе или нема да донесе“, додаде тој.

„Не знаеме дали сме знаеле за таа одлука однапред… но тоа е неважно. Клучно е тоа што начинот на кој се користи нивната опрема е регулиран со приватен комерцијален договор… Затоа, ние ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата и да се занимаваме со ова прашање“.

Илон Маск, извршен директор на „Спејс-икс“, минатата недела изјави дека, бидејќи системите се во сопственост и под контрола на американската влада, за какви било ограничувања на брзината или начинот на користење одлучуваат американската војска или претседателот на САД.

За време на мандатот на претседателот Доналд Трамп, Соединетите Држави главно престанаа директно да ѝ испорачуваат оружје на Украина, но им дозволуваат на европските земји да купуваат американско оружје во име на Киев, како дел од програмата позната како „Листа на приоритетни потреби на Украина“.

ИЗДВОЕНИ