вторник, јануари 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА По пријава за гласна музика, двајца полицајци истепале едно лице без причина

По пријава за гласна музика, двајца полицајци истепале едно лице без причина

287

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца полицајци за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

Двајцата пријавени, полициски службеници во Полициската станица Кочани при СВР Штип, при извршување на службени задачи на 07.09.2025 година во врска со пријава за гласна музика, влегле во дворот на лицето пријавено за пуштање на гласна музика и без да бидат исполнети условите за употреба на средства за присилба, неовластено употребиле физичка сила врз него и му нанеле телесна повреда.

Одделот за внатрешна контрола против двајцата ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

 

ИЗДВОЕНИ