По нападот во Сиднеј, засилена безбедност за време на прославата на Ханука низ целиот свет

84
epa12592339 Rabbis Yehuda Teichtal (L) and Ashkenazi Chief Rabbi of Israel Kalman Meir Ber lights a candle during the lighting ceremony of a Hanukkah Menorah at the Brandenburg Gate in Berlin, Germany, 14 December 2025. Hanukkah, also known as the 'Festival of Lights', is one of the most important Jewish holidays and is celebrated by Jews worldwide. EPA/Filip Singer

Големите градови, вклучувајќи ги Берлин, Лондон, Њујорк и Варшава, ја засилија безбедноста околу настаните за Ханука по нападот врз еврејската заедница на плажата Бонди во Сиднеј, додека Москва, првпат од 1991 година, не ја запали осумкраката менора.

Берлинската полиција вели дека дополнително ја засилува безбедноста околу Бранденбуршката порта, каде што е планирано да се запали голема електрична менора на првата ноќ од Ханука, објави „Ројтерс“.

Портпаролот на полицијата рече дека безбедносните мерки веќе се планирани, но дека поради настаните во Сиднеј тие ќе бидат дополнително засилени со големо полициско присуство.

Настанот ќе вклучува и молитва за жртвите од нападот во Сиднеј, во кој, според австралиските власти, најмалку 12 лица загинаа во целен антисемитски напад.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, изјави дека е воведено дополнително обезбедување за прославите на Ханука и синагогите низ градот, нагласувајќи дека градските власти ќе обезбедат еврејската заедница безбедно да го прослави празникот, вклучително и јавно осветлување на менори.

Во Варшава, според извештаите на медиумите, вооруженото обезбедување во главната синагога е двојно зголемено за време на вечерната церемонија.

Лондонската метрополитенска полиција, исто така, соопшти дека има зголемено полициско присуство и патроли во заедницата, иако нема индикации за директна врска помеѓу нападот во Сиднеј и заканите во Велика Британија.

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, побара од локалните власти да ја засилат безбедноста околу еврејските верски места, религиозните служби и јавните собири помеѓу 14 и 22 декември.

Во Русија, во меѓувреме, традиционалното осветлување на осумгранката менори во центарот на Москва е откажано.

Како што објави РБЦ, повикувајќи се на прес-службата на главниот рабин на Русија Берл Лазар, церемонијата на Плоштадот на револуцијата не се одржа од безбедносни причини, иако оваа традиција континуирано се спроведува од 1991 година, пренесува Танјуг.

Најмалку 12 лица беа убиени, вклучувајќи го и еден од двајцата напаѓачи, а 29 други беа повредени во пукотница врз членови на еврејската заедница кои се собраа да го прослават празникот Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, според најновите податоци, објавија претходно австралиските медиуми, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ