четврток, септември 3, 2026
Дома СВЕТ По кризата во Сеута, Шпанците на протести – бараат оставка од...

По кризата во Сеута, Шпанците на протести – бараат оставка од Санчес

1
epa13144334 Young men who returned from Spain gather at the Bab Sebta border crossing near Fnideq, Morocco, 31 July 2026. The unrest erupted as thousands gathered near the border, some attempted to cross into Ceuta and clashed with Moroccan security forces. EPA/JALAL MORCHIDI

Десетици илјади граѓани излегоа на улиците низ Шпанија, барајќи одговор од Владата на Педро Санчес за кризата во Сеута, предизвикана од масовното преминување на границата со Мароко. Протестите се одржаа во Мадрид, Барселона, Валенсија, Севиља, Билбао и во други градови. Демонстрациите во главниот град беа најмасовни и завршија со солзавец, гумени куршуми, повредени полицајци и со апсења.

Иако формално беа организирани како поддршка за жителите на Сеута, собирите брзо прераснаа во протести против Владата на Санчес, со барања за негова оставка и за построга контрола на границата. Паралелно со протестите за поддршка на Сеута, во Мадрид и во други градови се одржаа и собири против расизмот и ксенофобијата. Учесниците побараа хуманитарен одговор на кризата и предупредија мигрантите да не се претвораат во цел на политичките пресметки.

Кризата во Сеута почна на крајот од јули, кога најмалку 72.000 луѓе ја преминаа границата од Мароко кон шпанската енклава пливајќи, пеш или пробивајќи се низ граничните премини. Најмалку 90 лица загинаа при обидот да стигнат дотаму.

 

ИЗДВОЕНИ