По Кан, прекин на електричната енергија и во Ница – властите се сомневаат на саботажа

78

 

Најмалку 45.000 домаќинства останаа во мрак откако пожар избувна во неделата утрото, само ден откако блискиот Кан за време на меѓународниот филмски фестивал претрпе масовен прекин на електричната енергија за кој исто така постои сомнеж дека е резултат на саботажа.

Полицијата во Ница соопшти дека се пронајдени „траги од гуми“, а дека вратата на трафостаницата, на западот од градот, „е скршена“, пренесуваат локалните медиуми.

Поради прекинот на електрична енергија не возеа трамваите, а не функционираше ни аеродромот.

Струја немаше ни во соседните градови, Сен Лоран ди Вар и Кан си Мер, но напојувањето во текот на денот беше повторно воспоставено.

Кристијан Естроси, градоначалникот на Ница, остро ги осуди злонамерните чинови кои ја погодуваат Франција, во објава на социјалната мрежа „Икс“.

Пожарот во трафостаницата е резултат на криминален чин“, изјави Гаел Нофри, неговиот заменик.

Службениците се сомневаат дека прекинот на електричната енергија е предизвикан од подметнат пожар во трафостаница.

Околу 160.000 домови во градот и околните области останаа во темнина.

како резултат на тоа, неколку филмски проекции беа прекинати поради тоа, пред организаторите на Канскиот фестивал да можат да преминат на користењето на приватните генератори.

Засега не е утврдено дали овие инциденти се поврзани.

Властите ќе ја зајакнат безбедносната мрежа околу електрич ните објекти во градот, соопшти Естрози, градоначалникот на Ница.

Во тек е истрага за „организирано подментување пожар“ со цел да се утврди штетата и на кој начин е извршен“, објаснува Дамиен Мартинели, обвинител од Ница, пренесува „Франс прес“.

 

ИЗДВОЕНИ