четврток, јули 9, 2026
Дома СКОПСКА По декади запуштеност, се чисти Железничката станица во Скопје

По декади запуштеност, се чисти Железничката станица во Скопје

– Декадите запуштеност и немањето институционална и општествена грижа, за жал, ја претворија во тотално нерепрезентативен објект „накитен“ со билборди, постери, графити, несоодветни содржини, недоволна хигиена. Преземаме мерки за подигнување на нивото на надворешниот и на внатрешниот изглед на Железничката станица – Скопје преку долготрајна акција и сет активности – објави на Фејсбук“ директорот на ЈП „Железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски. Тој информираше дека за почеток биле отстранети сите билборди и светлосни реклами, освен една за која, како што појаснува, е даден рок од седум дена да се отстрани, а потоа и информативните постери што се напластувале со години

94

Директорот на ЈП „Железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски, објави на „Фејсбук“ дека, по декади запуштеност, се чисти Железничката станица во Скопје. Објавувајќи фотографии и видео од чистењето на Железничката станица, тој порача дека Железничката станица треба да претставува гордост на главниот град.

– Декадите запуштеност и немањето институционална и општествена грижа, за жал, ја претворија во тотално нерепрезентативен објект „накитен“ со билборди, постери, графити, несоодветни содржини, недоволна хигиена. Преземаме мерки за подигнување на нивото на надворешниот и на внатрешниот изглед на Железничката станица – Скопје преку долготрајна акција и сет активности – додаде Ивановски во објавата.

Тој информираше дека за почеток биле отстранети сите билборди и светлосни реклами, освен една за која, како што појаснува, е даден рок од седум дена да се отстрани.

– Потоа се отстранија сите информативни постери што се напластувале со години, се продолжува со генералното чистење. Во моментов, заедно со Архитектонскиот факултет работиме за проектирање целосна реконструкција на Железничката станица, а со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) ја проверуваме конструкцијата на самата станица. Процесот на враќање на нормалниот изглед на Железничката станица нема да биде лесен процес, но да почнеме денес – нагласува Ивановски.

Притоа, наведе дека во рамките на објектот има станица на МВР, при што се заблагодари за соработката и за помошта.

(А. П.)

ИЗДВОЕНИ