По 11 години мистерија: Почнува нова потрага по MH370 – авионот со 239 патници кој исчезна без трага

0
YouTube/screenshot/60 Minutes Australia

Министерството за транспорт на Малезија денес соопшти дека потрагата по исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“ на летот MH370 ќе продолжи на 30 декември, повеќе од една деценија откако мистериозно исчезна.

Во потрагата ќе биде вклучена американската компанија „Оушн Инфинити“, која ќе го пребарува морското дно 55 дена во области за кои се верува дека содржат остатоци од авионот, објавува „Гардијан“.

Детали за точните локации не беа дадени.

Боингот 777 исчезна од радарот кратко по полетувањето на 8 март 2014 година, превезувајќи 239 лица, претежно кинески државјани, на лет од малезискиот главен град Куала Лумпур до Пекинг. Сателитските податоци покажаа дека авионот отстапил од планираната рута и се упатил кон јужниот Индиски Океан – каде што се верува дека се урнал.

Скапото мултинационално пребарување не успеа да открие никакви траги за локацијата на авионот, иако остатоци беа исфрлени на источниот брег на Африка и островите во Индискиот Океан. Приватната потрага во 2018 година, исто така предводено од „Оушн Инфинити“, исто така не даде резултати.

ИЗДВОЕНИ