Плата 1.100 евра, предности при вработување…Хрватска објави детали за војниот рок

104

Законот за служба во вооружените сили и одбраната треба да биде презентиран пред хрватската јавност денес, по што ќе биде испратен на јавна консултација, а потоа ќе влезе во процедура во хрватскиот Сабор.

Министерот за одбрана Иван Анушиќ за хрватскиот јавен сервис изјави дека законот е поддржан од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и дека смета дека голем дел од опозицијата ќе гласа за него.

Како што потоа објасни, станува збор за измени на законот што се однесуваат исклучиво на „основната воена обука“.

Според планот што ќе биде доставен до Парламентот, првите регрути ќе бидат примени во три касарни до крајот на годината.

„Регрутите ќе поминат основна воена обука 2 месеци, а во тој период ќе добиваат надомест од 1.100 евра, а тие два месеци ќе им бидат вклучени во стажот“, рече Анушиќ.

„Во тие два месеци, тие ќе ги стекнат основните вештини и знаења што ги има еден војник, што значи ракување со лично оружје, вклучувајќи тактики, прва помош и сè што е потребно за еден војник во однос на знаењето и за да биде подготвен за секоја задача“, нагласи Анушиќ.

Тој додаде дека воената обука е задолжителна за сите лица на возраст од 18 до 30 години и за сите мажи кои положиле лекарски преглед и се здрави за основна воена обука.

„Жените можат да волонтираат, воената обука не е задолжителна за нив. Моментално, 12 до 20 проценти од нив аплицираат“, рече министерот.

Оние кои ќе завршат основно воено образование ќе имаат предност при вработување во државни и јавни компании, објави Индекс.

ИЗДВОЕНИ