четврток, октомври 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Пијанечки денови на сливата 2026“ село Град

„Пијанечки денови на сливата 2026“ село Град

1

Општина Делчево во соработка со локалните институции, здруженија на граѓани, приватни компании и pоеднинци,традиционално ја организира манифестацијата „Пијанечки денови на сливата 2026“. По тој повод е објавен јавен повик за пријавување учесници во манифеставијата.

Оваа година манифестацијата ќе се одржи во сeлo Град на 03.11.2026 година (вторник) со почеток од 11:00 часот.

Во рамки на централниот настан ќе се одржи натпревар во печење ракија под мотото „Мојата сливова ракија е највесела“, потоа ќе се подготвуваат или ќе се промовираат мармалад, слатко и компот од слива, ќе се подготвуваат традиционални бели пецива со производи од слива, а ќе има и штанд за декорирање, но и за претставување на традиционални производи, ракотворби, премети итн. Воедно, ќе се подготвува и ракија.

-Преку оваа манифестација се промовираат сливата и преработките од слива, како еден од традиционално најзастапените земјоделски производи во Пијанец. Самиот настан е планирано да биде организиран и како саем за храна и ракотворби карактеристични за Пијанечкиот крај – соопштија од Општина Делчево.

Оттаму додаваат дека идејата е секоја година вакви и слични манифестации да се одржуваат во различно населено место, со што ќе се промовираат населените места во општината како туристички дестинации, како и самите сместувачки капацитети во селата, со што директно ќе се поттикне развојот на руралниот туризам во општина Делчево.

Општина Делчево ги повикува сите заинтересирани индивидуални земјоделци/ки, физички и правни лица да се пријават како учесници во активностите. За сите пријавени учесници Општината ќе обезбеди: дрва, шеќер, брашно и сл, тезга за изложување и продажба на производите, како и промотивни материјали за учесниците

Ќе има и две награди за највесела ракија (првата награда во износ од 8.000 денари, додека втората награда од 6.000 денари), потоа, награда за најсладок мармалад/слатко во износ од 3.000 денари и награда за најубаво уреден штанд во износ од 3.000 ден.

Рокот на пријавување е до 29.10.2026 година (четврток). Пријавувањето се врши со пополнување и поднесување пријава во архивата на Општина Делчево.

Пријавите може да се симнат од веб- страницата на Општина Делчево или да се подигнат во архивата на Општина Делчево.

ИЗДВОЕНИ