Питата со месо е едно од оние домашни јадења што луѓето сакаат да ги подготвуваат одново и одново, а преливот од пиво ја прави свежа и мека со денови.
Комбинацијата од сочен фил од месо и доматен сос со уникатен прелив од јајце и пиво ѝ дава на оваа пита крцкава кора однадвор, а исклучително мека и сочна текстура одвнатре.
Подготовката е брза и едноставна, така што нема да ви одземе многу време во кујната, а вкусот е ненадминлив.
Пијаната пита е исто така идеално решение кога сакате однапред да подготвите оброк, бидејќи преливот со пиво го прави тестото да остане свежо и меко долго време.
Состојки:
-700 г готови кори за пита
-800 г мелено месо по ваш избор
-3 средни кромиди
-250 мл доматен сос
-1 лута пиперка
-пиперка, сушени зачини, црвена мелена пиперка
-6 јајца
-половина пиво
Подготовка:
Ситно исечкајте го кромидот и лутата пиперка и пропржете ги. Потоа додадете го меленото месо. Кога малку ќе порумени, зачинете и прелијте го сокот од домати.
Изматете ги јајцата и солта, потоа додадете го пивото. Намастете го плехот за печење, потоа ставете три кори, врз филот, потоа уште три кори и така натаму додека не ги потрошите состојките. Лесно намастете ја секоја кора, освен првата.
Последната кора добро премачкајте ја со масло и исечете ја питата. Прелијте ја смесата од јајца и пиво врз неа. Оставете да отстои 20 минути, а потоа печете во претходно загреана рерна на 200°C од 30 до 35 минути.












