вторник, септември 1, 2026
Дома СВЕТ Пезешкијан понуди излез од кризата: На потег е САД!

Пезешкијан понуди излез од кризата: На потег е САД!

71
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Техеран веднаш ќе одговори со истата мерка доколку САД се вратат на своите обврски преземени според Меморандумот за разбирање од Исламабад.

Зборувајќи на 26-от самит на Шангајската организација за соработка во Бишкек, објави yenisafak, Пезешкијан го обвини Вашингтон за кршење на договорот помалку од две недели по неговото потпишување, додавајќи дека Иран одговорил пропорционално на потезите на САД.

„Јасно ставам до знаење дека доколку САД се вратат на своите обврски според меморандумот, Исламската Република Иран веднаш ќе одговори со истата мерка“, рече Пезешкијан.

Тој додаде дека Иран, за разлика од САД, има „респектабилна историја на почитување на меѓународните обврски и договори“ и дека „секогаш дејствувал во согласност со принципите на меѓународното право“.

Според Прес ТВ, Пезешкијан рекол дека војната не е во ничиј интерес и дека Техеран останува отворен за решавање на конфликтот со Вашингтон преку преговори.

Во исто време, Пезешкијан ги опиша неодамнешните напади на САД и Израел врз Иран како агресија против основните принципи на Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право.

Во последните денови, од крајот на јули има обнова на директните непријателства меѓу Вашингтон и Техеран.

САД претходно извршија напад на островот Ларак, додека Иран потоа нападна две американски воздухопловни бази во Јордан.

Меморандумот од Исламабад беше постигнат во јуни по 40 дена воен конфликт и речиси три месеци преговори со посредство на Пакистан и Катар, и вклучуваше прекин на непријателствата, повторно отворање на Ормутскиот теснец и продолжување на разговорите меѓу Техеран и Вашингтон.

ИЗДВОЕНИ