Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп е неопходна, но Путин нема планирано патувања на Блискиот Исток, каде што Трамп планира да патува, за средината на мај, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
На прашањето од новинарите да ги оцени коментарите на Трамп дека можеби ќе размисли за средба со Путин за време на патувањето во Саудиска Арабија овој месец, Песков рече дека иако Путин не планирал патување на Блискиот Исток, „таа средба очигледно им е во устите на сите“, објави РИА Новости.
„Мораме соодветно да се подготвиме. Ова бара напори на различни експертски нивоа, вклучително и континуирани контакти меѓу Москва и Вашингтон“, рече Песков.