среда, февруари 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Пешак загина на булеварот „Гоце Делчев“, возачот кој удрил во него побегнал...

Пешак загина на булеварот „Гоце Делчев“, возачот кој удрил во него побегнал од местото

237

Прегазен е маж во сообраќајна несреќа што предмалку се случи на пешачкиот премин на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје. Тој починал на лице место, а според информациите на МВР, возачот на автомобилот веднаш избегал од местото.

„Денеска (03.11.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист, кој починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот“ соопшти МВР.

Во тек е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот. Поради несреќата сообраќајот е пренасочен.

ИЗДВОЕНИ