среда, август 26, 2026
Дома СВЕТ Персоналот отстранил лебарка од резиденцијата на јапонската премиерка, таа призна: „Сега се...

Персоналот отстранил лебарка од резиденцијата на јапонската премиерка, таа призна: „Сега се чувствувам малку осамено“

49
EPA/JIJI PRESS JAPAN OUT EDITORIAL USE ONLY/

Јапонската премиерка Санае Такаичи предизвика неверување признавајќи дека се чувствувала малку осамено откако персоналот отстранил лебарка од нејзината официјална резиденција. Таа ја споделила необичната анегдота во серија објави на социјалната мрежа „Икс“, пишува Унилад.

Во објавите доцна синоќа, премиерката објасни зошто често работи сама долги часови во историската резиденција Котеи во Токио. Претходните јапонски премиери во голема мера ја избегнувале вилата, изградена во 1920-тите, поради долгогодишните гласини дека била опседната по обидот за државен удар во 1930-тите.

Сепак, Такаичи истакна дека духовите не се проблем за неа.

„Никогаш не сум видела дух, но врескам кога ќе видам лебарка“, напиша таа и додаде дека се исплашила кога инсектот ги прекрстил нозете.

Премиерката објасни дека не го убила намерно инсектот, туку го оставила слободно да се движи низ резиденцијата.

Таа изјавила дека ги почитува сите живи суштества, а овој став го развила читајќи ја култната манга „Феникс“ од Осаму Тезука. Затоа, вели таа, тешко ѝ е да го одземе животот на кој било инсект.

„Можеби затоа дури и сега, како возрасна, не можам да се натерам да убивам инсекти, дури ни лебарки. Можеби овој живот е дел од тој долг циклус на реинкарнација“, напиша Такаичи.

Кога забележала дека премиерката е вознемирена, една од секретарките одлучи да дејствува и организираше дезинфекција на целата зграда.

„Ми олесна, но некако се чувствував малку осамено откако персоналот ја отстрани лебарката“, напиша Такаичи.

ИЗДВОЕНИ