Пентагон подготвен, Трамп вели НЕ за испраќање „Томахавк“ во Украина

45
EPA/ANDRES MARTINEZ CASARES

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави вчера дека всушност не размислува за испраќање ракети со долг дострел „Томахавк“ во Украина.

На прашањето на новинарите во „Ер Форс Уан“ дали размислува за давање оружје на Украина, Трамп одговори: „Не, не баш“.

Си-Ен-Ен претходно објави дека Пентагон ѝ дал зелено светло на Белата куќа за испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, но дека конечната одлука е на Трамп.

Американскиот претседател во октомври за време на работниот ручек со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа изјави дека претпочита да не ги испорача ракетите на Украина затоа што „не сакаме да ги дадеме работите што ни се потребни за да ја заштитиме нашата земја“.

ИЗДВОЕНИ