Одбојкарките на Пелистер волеј ја запишаа првата тај-брејк победа сезонава на третиот ваков натпревар за нив во Првата женска лига, откако со 3:2 (25:18, 16:25, 25:21, 22:25, 15:8) го совладаа Газели волеј на последниот меч од 8. коло, кој се одигра во Битола. Во дербито на дебитантите во прволигашкото друштво, противниците одиграа одличен натпревар, интересен, неизвесен, со убави поени и со тактичко надмудрување.
Домаќинот влезе фуриозно во решавачкиот сет, со 7:1, односно 8:2 на промена на страните и потоа мирно дојде до победата од 15:8, вкупно трета во првенството.
Најефикасна во победничкиот состав беше ШајМекги со 22 поени, додека на спротивната страна прво име беше Теа Терзиевска со 22 поени.
Фото: ОК Пелистер волеј










