Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува да го гради ростерот за новата сезона. Нов член на битолскиот состав е американскиот центар Рузвелт Вилер (23).
Високиот кошаркар (211 сантиметри) игра на позицијата центар. Вилер пристигнува во Битола со интернационално искуство. Минатата сезона настапуваше во Швајцарија. Таму го носеше дресот на Женева и на Масањо. Пред заминувањето во Европа, ја почна својата колеџ-кариера во Луизвил. Потоа се пресели во Ист Тенеси, каде што продолжи со развојот.
Веднаш по пристигнувањето, тој ќе им се приклучи на новите соиграчи. Ќе работи под водство на тренерот Тане Спасев, во подготовките за новата сезона.











