Од 2 до 13 јуни 2026 година, со почеток од 20:00 часот, парковите низ Општина Центар ќе се претворат во кино под отворено небо за сите деца, млади и семејства.

Преку филм, дружба и забава, „Патувачко кино“ на најмладите им нуди едно поинакво културно и едукативно искуство.

– За оваа намена е снимен посебен македонски детски филм составен од кратки приказни, преку кои децата учат за почит, другарство, култура на однесување и мали навики што прават големи разлики – соопштија од Општина Центар.

За секое дете се обезбедени пуканки и сокче.

ИЗДВОЕНИ