среда, февруари 25, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Пари за спортските клубови и здруженија и за спортистите

Пари за спортските клубови и здруженија и за спортистите

10

Општина Битола од буџетот ќe им додели финансиски средства на спортските клубови, здруженија, но и на спортистите за годинава. За таа цел е објавен јавен повик. Право на учество на јавниот повик имаат спортските клубови, спортските здруженија, спортистите во сениорски и во младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чие регистрирано седиште, односно живеалиште, се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.

Пријавите треба да се достават до Општина Битола преку пошта, на адреса: Општина Битола, булевар „1 Мај“, број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 7:30 до 15:30 часот, до последниот ден на јавниот оглас.

Рокот за поднесување на пријавите тече од денеск и ќе трае заклучно со 11.3.2026 година.

Пријавите од јавниот повик ги разгледува Комисијата за млади и спорт при Советот на Општина Битола и согласно со критериумите, ја одобрува висината на финансиската поддршка.

Финансиската поддршка, согласно со програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2026, изнесува 2.000.000 денари за спортските клубови/спортските здруженија и 1.000.000 денари за индивидуалните спортисти.

 

 

ИЗДВОЕНИ