недела, октомври 18, 2026
Дома СВЕТ Паника и неизвесност: Граѓаните во Литванија во засолништа поради НЛО

Паника и неизвесност: Граѓаните во Литванија во засолништа поради НЛО

0

Граѓаните во централните и во северните делови на Литванија утрово поминаа околу еден час во засолништа поради неидентификуван летачки објект. Додека беше на сила црвена тревога за воздушен напад, во таа област беа испратени авиони на НАТО задолжени за воздушна одбрана, а аеродромот во Каунас, вториот по големина град во Литванија, беше затворен, пренесува „Ројтерс“. Припадници на литванската војска истражуваат дали има остатоци од беспилотно летало во близина на село во северна Литванија откако исчезна еден летачки објект од радарите, соопшти Центарот за управување со кризи.

Оттаму додаваат дека објектот, кој не бил забележан на радарот, веројатно, влегол во Литванија од Полска.

Кај северниот сосед, Летонија, беше издаден жолт степен предупредување во одредени региони долж границата со Литванија, поради она што го опиша латвиската војска како „можна закана“.

Во текот на изминатите неколку месеци, украински беспилотни летала во повеќе наврати навлегоа во воздушниот простор на НАТО во балтичкиот регион.

Од Киев изјавија дека скршнале леталата од курсот како резултат на руското попречување на сигналите.

ИЗДВОЕНИ