недела, октомври 4, 2026
Дома МАГАЗИН Означен стартот на Виз Ер Скопски маратон 2026 – учествуваат повеќе од...

Означен стартот на Виз Ер Скопски маратон 2026 – учествуваат повеќе од 15.000 натпреварувачи од 63 земји

0
Фото:принтскрин, видео ФБ

Со учество на повеќе од 15.000 натпреварувачи од 63 земји утрово беше означен стартот на Виз Ер Скопски маратон 2026.

Најбројни по земји, покрај учесниците од Македонија, се натпреварувачите од Србија, Германија, Велика Британија и Турција.

Низ улиците на македонската престолнина се одржуваат трки во четири категории:
Маратон – 42 километри
Полумаратон – 21 км.
Штафетен маратон (вкупно 42 км. четворица натпреварувачи)
Трка на 5 км.

Големиот маратон го трчаат 800 натпреварувачи, меѓу нив и Македонецот Дарио Ивановски кој го брани трофејот освоен минатата година.

На полумаратонот учествуваат околу 3.000 тркачи.

Покрај натпреварувачкиот дел, Виз Ер Скопскиот маратон и годинава подготви активности со кои дополнително ќе се збогати искуството на учесниците и публиката. Посебно внимание е посветено и на поддршката долж патеката, која традиционално е еден од препознатливите делови на маратонот.

ИЗДВОЕНИ