Унгарскиот премиер Петер Маѓар беше снимен на аеродромот „Лист Ференц“ во Будимпешта за време на викендот, чекајќи ја својата партнерка Илона Сабо со букет цвеќе, а видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи.
Снимката, која е направена во неделата во зоната за пристигнувања на аеродромот во Будимпешта, е снимена од патник и објавена на TikTok. На неа се гледа како премиерот трпеливо стои со цвеќе во рацете, додека граѓаните му приоѓаат барајќи фотографија и краток разговор.
Според унгарските медиуми, Маѓар бил расположен и разговарал срдечно со сите што му приоѓале. Кратко потоа се појавил Илона Сабо, тој и го подал букетот, а потоа го зел нејзиниот куфер, по што заедно го напуштиле аеродромот.
@user116884425143♬ eredeti hang – user116884425143
Видеото привлече големо внимание од јавноста бидејќи доаѓа по неодамнешните шпекулации за наводното раскинување на двојката. Во последните недели, на социјалните мрежи, особено на TikTok и Reddit, кружеа гласини дека Маѓар и Илона Сабо ја прекинале својата врска.
Премиерот претходно ги отфрли ваквите тврдења со кратка порака:
„Не сме раскинале, таа сè уште седи до мене“, рече тој во тоа време.
Многумина сега ја гледаат снимката од аеродромот како потврда дека нивната врска е сè уште стабилна, ставајќи крај, барем засега, на гласините за раскинување.












