По две години од судењето – Џони Деп откри што се случило со Амбер Херд: „Отиде предалеку, знаев дека ќе морам да се разголам“

111

Џони Деп проговори за судењето на Амбер Херд.

Џони Деп излезе на суд во 2022 година, заедно со неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

Судењето беше следено низ целиот свет, а актерот сега проговори за целиот процес.

„Видете, работата отиде предалеку. Знаев дека ќе морам делумно да се разголам. Сите велеа: „Ќе помине!“ Но, не можев да поверувам. Што точно ќе помине? Не, нема. Ако не се обидам да ја претставам вистината, ќе изгледа како навистина да сум ги направил работите за кои ме обвинуваат. И моите деца ќе мора да живеат со тоа, нивните деца, децата што ги запознав во болниците… Па ноќта пред да започне судењето во Вирџинија, не се чувствував нервозно. „Ако не мора да ја памтиш текст, ако само ја кажуваш вистината – фрли ја коцката“, изјави Деп за „Сандеј тајмс“.

„Знаев дека ништо од ова нема да биде лесно, но не ми беше гајле. Ќе се борам до крај. А ако на крајот точам бензин? Во ред. Го имам правено тоа и претходно“, додаде актерот.

Тој, исто така, се осврна на својата врска со Амбер Херд.

„Ако си будала како мене, понекогаш гледаш во нечии очи и гледаш малку тага, малку осаменост – и мислиш дека можеш да ѝ помогнеш на таа личност. Но, ниедно добро дело не останува неказнето, бидејќи има луѓе кои, кога се обидуваш да ги сакаш и да им помогнеш, почнуваат да ти покажуваат каква била таа непријатност, таа вознемиреност што си ја гледал во нивните очи. Тогаш почнува да се манифестира на други начини“, заклучи Деп.

За потсетување, драмата започна кога Амбер напиша колумна за „Вашингтон пост“ во 2018 година во која се претстави како жртва на семејно насилство. Деп ја тужеше за клевета следната година, а таа го тужеше со контратужба од 100 милиони долари.

Сепак, поротата пресуди во негова корист и му додели 10,5 милиони долари отштета, додека Амбер доби 2 милиони долари за едно од нејзините побарувања.

ИЗДВОЕНИ