Осветлено е кошаркарското игралиште кај автобуската станица во Велес.
Од Општина Велес информираат дека со поставувањето на новите ЛЕД-светилки за осветлување на спортскиот терен за кошарка e овозможeно негово користење во вечерните часови, како и заштита од девијантни појави.
Притоа, посочуваат дека функционални и современи спортски игралишта се право на граѓаните, но и обврска за нивно чување и одржување.
Општина Велес, деновиве ги осветли и спортските терени кај гимназијата и хемиското училиште.
– Поставени се ЛЕД-светилки за осветлување на трите спортски терени кои се наоѓаат во дворот на училиштата. Осветлувањето на спортските терени ќе им овозможи на сите рекреативци и на љубителите на спортски активности да се рекреираат и во вечерните часови. Воедно, овозможува и заштита од девијантни појави бидејќи се поставени и камери – нагласуваат од Општина Велес.












