Владата планира директна финансиска поддршка за оризопроизводителите од околу осум денари за килограм предадена оризова арпа, за периодот од 1 септември 2025 до 15 септември 2026 година. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе им се помогне на производителите на ориз.

Според Мицкоски, дел од средствата веќе се обезбедени преку Интервентниот фонд на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, додека преостанатиот дел ќе се обезбеди со ребалансот на буџетот. Станува збор за приближно 100 милиони денари, кои, како што најави премиерот, треба да бидат исплатени до крајот на годината, по усвојувањето на ребалансот во Собранието.

Мицкоски упати и порака до откупувачите да се однесуваат фер кон оризопроизводителите, предупредувајќи дека евентуалното шпекулативно однесување на поединци ќе биде ригорозно казнето.

 

ИЗДВОЕНИ