Министерството за внатрешни работи објави дека е пријавено тепање во затворот Идризово.
На 25.11.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје од Казнено поправна установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 18:30 часот во установата тројца осуденици физички го нападнале осуденикот И.И.(61) од с.Челопек, тетовско, а при тоа употребиле и тврд предмет, пренесе МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.











