Судот за прекршоци во Нови Сад го осуди мажот Р. С. (42) на парична казна од 150.000 динари затоа што уринирал врз свеќите и цвеќето за жртвите од уривањето на настрашницата на железничката станица во Нови Сад на 4 мај. Неговиот срамен потег ја налути јавноста во Србија.
Тој беше приведен неколку дена подоцна, а Судот за прекршоци во Нови Сад, наведува дека Р. С., е осуден.
„На 8 мај 2025 година, обвинетиот Р.С. (1983) од Нова Пазова е донесен во Судот за прекршоци во Нови Сад, бидејќи на 4 мај, околу 16:00 часот во Нови Сад, на аголот од булевар Ослободување и булевар Јаша Томиќ, сторил прекршок по член 8 став 1 од Законот за јавен ред и мир. На обвинетиот му е изречена казна парична казна во износ од 150.000,00 динари, врз основа на член 308 став 1 точка 2 од Законот за прекршоци, со оглед на тоа што е казнет за тежок прекршок во областа на јавниот ред и мир. На обвинетиот му е одредено извршување на пресудата пред таа да стане правосилна“, се наведува во одговорот на Судот за прекршоци во Нови Сад.