Остриот тон на Трамп кон Русија е тактика за преговори, смета Захарова

217

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека неодамнешните остри изјави на американскиот претседател Доналд Трамп кон Русија се дел од тактика на преговори.

– Мислам дека ова е тактика, стратегија, политички маневар за преговори – изјави Захарова во интервју за ТАСС.

На 23 септември, за време на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Генералното собрание на ОН, Трамп позитивно одговори на прашањето на новинар дали земјите од НАТО треба да соборуваат руски авиони што го нарушуваат нивниот воздушен простор, а на дополнително прашање за подготвеноста на САД да им помогнат на сојузниците, таа рече дека тоа „зависи од околностите“.

ИЗДВОЕНИ