Со порастот на температурите, ЈП Лајка апелира до сите граѓани да покажат грижа и одговорност кон милениците, но и кон бездомните животни, кои особено страдаат за време на летните горештини.
Оттаму им препорачуваат на сопствениците на миленици секогаш да им обезбедуваат свежа вода во текот на денот, како и сенка и свеж воздух.
– Никогаш не држете кучиња врзани на синцир без пристап до сенка. Тоа претставува малтретирање и е казниво. Животното не го оставјте во автомобул макар и на 5 минути. Температурата во возило може да порасне до фатални нивоа за само неколку минути, дури и кога надвор не изгледа премногу топло. Шетајте ги милениците рано наутро или доцна навечер асфалтот во текот на денот може да биде екстремно врел и да ги изгори шепите – велат од ЈП Лајка.
Од претпријатието ги повикуваат граѓаните да се грижат и за бездомните животни.
– Оставете чинија со чиста вода пред вашата зграда, двор или продавница тоа за нив може да значи разлика помеѓу живот и смрт. Внимавајте на хигиената – садовите редовно чистете ги и ставете ги на место кое нема да го попречува движењето на пешаците – велат од ЈП Лајка.
Доколку некој забележи некое живоно во неволја, да ги извести ветеринарите во ЈП Лајка или пак најблиската ветеринарна амбуланта.