недела, јули 5, 2026
Дома СВЕТ Ормускиот теснец е помоќен адут од нуклеарното оружје, смета Медведев

Ормускиот теснец е помоќен адут од нуклеарното оружје, смета Медведев

0
EPA/EKATERINA SHTUKINA

Рускиот функционер и заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека Ормускиот теснец е „оружје“ за Иран кое, според него, е споредливо или помоќно од нуклеарното одвраќање.

Според извештаите на агенциите, Медведев изјавил дека стратешката контрола на морските премини, вклучувајќи го и Ормутскиот теснец, е клучен геополитички инструмент во односите на Техеран со САД.

Неговата изјава беше објавена на социјалната мрежа X, во контекст на зголемените регионални тензии и неговиот престој во Иран, каде што ја предводеше руската делегација за време на официјалните церемонии.

Според истите извори, руската делегација во Техеран учествувала на настани организирани по смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

ИЗДВОЕНИ