Орбан: Трамп направи грешка со санкциите против Москва

45
EPA/RADEK PIETRUSZKA POLAND OUT

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека верува оти американскиот претседател Доналд Трамп направил грешка со воведувањето санкции врз Русија и додаде дека ќе разговара со него за време на неговата посета на Вашингтон „за да бидат укинати“.

„Европската Унија не значи ништо. Доналд Трамп греши во врска со Путин, ќе разговарам со него за да го убедам да ги укине санкциите врз Русија“, рече Орбан во изјава за италијанскиот весник „Ла Република“, за време на посетата на Италија и Ватикан.

На прашањето што ќе разговара со италијанскиот премиер Џорџо Мелони, Орбан одговори дека темата на разговорот ќе биде иднината на европската економија, бидејќи, како што изјави, Европа може малку да направи во врска со војната во Украина.

ИЗДВОЕНИ