Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Русија и Европа треба што поскоро да одржат самит за да разговараат за прекин на војната во Украина.
Орбан ја поздрави најавата за средба меѓу претседателите на Соединетите Американски Држави и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, следната недела, нагласувајќи дека прекинот на огнот и укинување на санкциите се можни само ако двајцата лидери се согласат, објави МТИ.
Тој исто така нагласи дека пред неколку години, Унгарија предложила наместо лидерите на европските институции, германската канцеларка и францускиот претседател да ја претставуваат ЕУ на разговорите во Москва или самитот да се одржи на неутрална територија.