Орбан: Ќе победиме на следните избори, без сомнение

21
Фото: EPA/OLIVIER MATTHYS

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека ќе ја започне кампањата за парламентарните избори што ќе се одржат следната година „со здрава и историски заснована самодоверба“.

Орбан рече дека неговата партија Фидес нема потреба да се сомнева во својата победа.

„Ќе победиме на следните избори, тоа е планот“, рече премиерот Виктор Орбан во интервју за „Кроника онлајн“, пренесува „Хирадо“.

Секогаш постои голема национална партија, сега тоа е „Фидес“, која се бори за независноста на земјата, за историската вистина, а секогаш постои сомнителна меѓународна формација платени и одржувани од странство, а предводени од покраински лидери кои се обидуваат да ја преземат власта со пари и влијание од странство, нагласи унгарскиот премиер.

Тој додаде дека опозицијата е иста како што била отсекогаш, дека ја менува „само облеката“.

„Опозицијата е опозиција, таа е тука за да ви дише во вратот, тоа е нејзина работа. Но, важно е да ви дише во вратот, односно да биде зад вас, а не напред, и сè додека е така, тогаш тоа не е проблем“, оцени унгарскиот премиер.

Орбан, исто така, истакна дека е премиер на Унгарија дваесет години, откако победи на пет избори – последните четири по ред, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ