вторник, јануари 20, 2026
Дома СКОПСКА Општина Гази Баба отвори онлајн платформа за прием на предлози од граѓаните...

Општина Гази Баба отвори онлајн платформа за прием на предлози од граѓаните за буџетот за 2026 година 

107

Во рамките на граѓанскиот дијалог „Проектите почнуваат со тебе“, Општина Гази Баба отвори и онлајн платформа за прием на предлозите од граѓаните.

– Секој граѓанин има можност од својот дом да го достави својот предлог-проект на и-мејлот: [email protected]. Секој пристигнат мејл ќе биде внимателно разгледан од тим формиран од мене, со цел да ги уредиме приоритетите според потребите на граѓаните – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Тој ги повика сите граѓани активно да учествуваат и да дадат свој важен придонес во развојот на Општината.

 

 

ИЗДВОЕНИ