сабота, октомври 3, 2026
Дома СВЕТ Она што се случуваше беше само увертира: Алармантен извештај на „Коперникус“ навестува...

Она што се случуваше беше само увертира: Алармантен извештај на „Коперникус“ навестува мрачна прогноза за иднината на Европа

0
EPA/ANTONIO BAT

Според податоците од извештајот на службата на ЕУ за следење на климата „Коперникус“, температурите на воздухот во близина на површината во периодот од јуни до август биле за 2,5 степени повисоки од просекот за претходната деценија.

Повеќе од 50 отсто од територијата на европскиот континент беше зафатена од силен топлотен бран со температури што надминуваа 38 Целзиусови степени, објави „Гардијан“.

Извештајот покажа дека најмалку 60 отсто од Западна Европа се соочиле со температури над 30 Целзиусови степени во текот на 17 дена ова лето.

Европа доживеа невообичаено ран почеток на летните временски услови кон крајот на мај, а високи температури беа забележани дури и во септември.

Десетици илјади смртни случаи поврзани со жештините
Топлотните бранови однесоа десетици илјади животи низ континентот, а истовремено ги уништија земјоделските култури.

Климатологот Саманта Бурџес изјави дека жештините влијаеле врз:

-достапноста на вода
-енергетските системи
-транспортот
-екосистемите и
-здравјето на луѓето

Според извештајот, ова лето беа соборени и рекорди во температурата на површината на морето околу Европа, додека реките низ континентот ги забележаа најниските летни водостои во последните три децении.

Топлото време и распространетата суша поттикнаа неконтролирани шумски пожари.

Ова се случува во време кога сè помоќниот феномен „Ел Нињо“, со досега невидена сила, ги зголемува глобалните температури и ги интензивира екстремните временски појави, од Јужна Америка до Австралија. Се очекува овој природен модел на затоплување на океаните, кој веќе собори температурни рекорди, да предизвика речиси половина милион дополнителни смртни случаи поврзани со жештините до февруари следната година.

ИЗДВОЕНИ