Француската олимписка ѕвезда и познат гимнастичар, Гаел да Силва, почина во сообраќајна несреќа, на 41-годишна возраст.
Да Силва зад себе ги остави сопругата Камил и трите деца, на возраст од 6, 9 и 12 години. Тој ја претставуваше Франција на големите натпреварувања во последните 15 години, вклучувајќи ги Олимписките игри, светските и европските првенства. Само неколку дена пред трагедијата, тој се натпреваруваше на националните првенства.
Инаку, тој едвај преживеа сообраќајна несреќа пред 22 години. Беше удрен од автомобил, но, за среќа, возачот беше пожарникар, кој му даде прва помош и спречи да загуби многу крв, што ќе доведеше до фатален исход.
По несреќата, Да Силва помина четири месеци во инвалидска количка, но успеа да заздрави и да ја продолжи кариерата.











