Огромен пожар на главната бина на еден од најголемите светски фестивали/ВИДЕО

63

Главната сцена на фестивалот Tomorrowland во Белгија беше зафатена од голем пожар само два дена пред почетокот на првиот викенд на еден од најголемите музички фестивали во светот.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа пожар на структурата на главната сцена на белгискиот фестивал, додека локалните медиуми јавуваат дека службите за итни случаи се на терен во голем број.

Нема повредени
Локалниот портал GVA известува дека властите им советуваат на жителите да ги затворат прозорците и вратите поради чадот што се шири низ областа. Сè уште нема пријавени повредени бидејќи посетителите сè уште не пристигнале, а британскиот Mirror пишува дека во времето на пожарот, на локацијата имало околу 1.000 вработени кои учествувале во подготовките за фестивалот.

Фотографиите и видеата објавени од GVA и корисниците на платформата X (поранешен Twitter) го покажуваат обемот на пожарот, но сè уште не е познато колкава е штетата и дали инцидентот ќе влијае на фестивалот.

Tomorrowland е еден од најголемите и најпознатите фестивали за електронска музика во светот, а оваа година се очекува повеќе од 70.000 посетители дневно да поминат низ фестивалските порти. Првиот викенд од фестивалот е закажан да започне овој петок.

ИЗДВОЕНИ