Машката и женската сениорска репрезентација на Македонија втора година во низа ќе учествуваат во Европската лига. Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија на последниот состанок донесе одлука да се задржи континуитетот на А-селекциитена ова натпреварување, кое од 2026 година ќе добие нова тежина, односно ќе го замени квалификацискиот циклус за Евроволеј 2028.

Машкиот национален тим од 2014 година ја одржува традицијата да биде дел од ова континентално натпреварување, додека за дамите ова ќе биде трето учество, второ во низа, откако дебитираа во 2023 година.

ИЗДВОЕНИ