Од утре обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на планините снег

96

Под влијание на влажен бран, утре кон крајот на денот, во текот на ноќта кон петок и во петок најпрвин во западните, а потоа и во останатите делови, ќе има обилни врнежи од дожд (над 30 литри на метар квадратен). На повисоките планини ќе има услови за повремен снег.

Утре, како што соопшти УХМР,  ќе дува умерен до засилен југоисточен, а во петок северен ветер (над 60 километри на час), особено вдолж Повардарието. Дневните температури значително ќе опаднат. Во деновите од викендот и во понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневните температури повторно ќе бидат во пораст.

Во Скопје, во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Утре ќе дува умерен до засилен југоисточен, а во петок северен ветер. Во деновите од викендот и во понеделник ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди.

ИЗДВОЕНИ