Од СДСМ се повлече и Костадин Ацевски, побара истото да го направат и целото раководство на партијата

161
Фото СДСМ

Кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров, Костадин Ацевски се повлече од функцијата претеседател на општинската организација на СДСМ. Претходно оставка од потпретседателската функција во СДСМ, поднесе и Ана Чупевска.

Ацевски во видео обраќање побара истото да го сторат и сите останати кои се на раководни функции во партијата.

„Иако се вложив целосно, без калкулации, сепак резултатот е лош. Поднесувам неотповиклива оставка од претседател на општинската организација. Верувам дека е исправно и потребно оставка да поднесат и претседателот Филипче и целото раководство на СДСМ. Не само заради лошите резултати туку и заради начинот на дејствување на СДСМ во изминатиот период“ порача Ацевски.

ИЗДВОЕНИ