Двете први места и второто место на Олга Цуцулеска од Скопје на осмомартовските релија што ги организира Автомобилистичката федерација по повод Меѓународниот ден на жената се само потврда дека и понежниот пол може да биде рамо до рамо со мажите. Олга, иако сите ја викаат Оле, е пример за тоа дека кога има поставено цел, ништо и никој не може да ја спречи жената во нејзината реализација. Таа е 41-годишна жена што со својата „тојота ајго“ бестрашно ниже успеси кога се во прашање рели-трките без никакви предрасуди. Кога е во прашање нејзиното докажување дека жената може да биде и повешт возач од мажот, има целосна поддршка од своето семејство, сопругот и двете ќерки, од кои едната има 21, додека помалата 16 години

Двете први места и второто место на Олга Цуцулеска од Скопје на осмомартовските релија што ги организира Автомобилистичката федерација по повод Меѓународниот ден на жената се само потврда дека и понежниот пол може да биде рамо до рамо со мажите.

Олга, иако сите ја викаат Оле, е пример за тоа дека кога има поставено цел, ништо и никој  не може да ја спречи жената во нејзината реализација.

Таа е 41-годишна жена што со својата „тојота ајго“ бестрашно ниже успеси кога се во прашање рели-трките без никакви предрасуди. Кога е во прашање нејзиното докажување дека жената може да биде и повешт возачот од мажот, има целосна поддршка од своето семејство, сопругот и двете ќерки, од кои едната има 21, додека помалата 16 години.

– Сите обожаваме автомобили и јас многу ги сакам, а уште повеќе кога ги возам брзо. Кај мене изгледа дека желбата за адреналин е најизразена. Почнав во Автомобилистичката федерација заедно со моја другарка. Оваа година по петти пат ќе учествувам на осмомартовското рели – раскажува темпераментната Олга.

Второто место на едно од осмомартовските релија го освоила и покрај тоа што претходно имала тешка операција.

– Решив да учествувам и покрај тоа што претходно имав тешка                        операција. Не можев убаво да маневрирам, па поради тоа не го освоив првото, но, сепак, го освоив второто место. Не се откажав. Желбата надвладеа бидејќи беше огромна – потенцира храбрата Олга.           

Пред секое учество на рели-трките, нејзиниот сопруг ѝ го подготвува автомобилот.

– Благодарение на него, автомобилот изгледа спортски. Комплетно е сменет ентериерот во него и не е класичен. Јас сум таа што дава идеи, додека сопругот ги реализира. Секоја година менувам по нешто на автомобилот за да биде поинтересен – вели Олга.     

На осмомартовското рели, првите две години таа учествувала со својата другарка, додека последните две години возела со својата помала ќерка. Годинава, нејзината ќерка ќе учествува на релито со своја другарка, додека Олга ќе вози со своја другарка. Олга има покана да учествува и на шампионатот во слалом-возење од ФИА, чиј организатор во Македонија е Автомобилистичката федерација.

Инаку, Олга е интернационален едукатор за нокти и козметика и     има сопствен салон.

(А. П.)

ИЗДВОЕНИ