вторник, октомври 20, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Од ноември нови правила за плаќање во банките

Од ноември нови правила за плаќање во банките

22

Од ноември стапуваат во примена нови правила за платниот промет во земјава, со кои се менуваат платните налози, ознаките за целта на плаќањето и начинот на запишување на платежните сметки. Промените ги најави Македонската банкарска асоцијација, посочувајќи дека тие произлегуваат од законските и од регулаторните измени за модернизација на платните системи.

Најважнатинформација за граѓаните е дека остануваат исти броевите на нивните сметки. При плаќањето, сметките ќе се користат во ИБАН-формат, со додавање на ознаката МК07 пред постојниот број. Приспособувањето во електронското и во мобилното банкарство ќе го спроведат банките. Во употреба ќе влезат и нови, стандардизирани платни налози, кои ќе ги заменат досегашните обрасци ПП10, ПП30, ПП40, ПП50 и ПП53. Новите обрасци ќе бидат достапни и во хартиена и во електронска форма.

Промени се предвидени и кај ознаките за целта на плаќање. Досегашните нумерички шифри ќе бидат заменети со четиризнаковни ознаки, со цел попрецизно означување на трансакциите и поефикасна обработка на податоците.

Компаниите што користат автоматизирани системи за размена на налози, можеби, ќе треба да ги приспособат своите решенија. МБА ги повикува граѓаните и фирмите редовно да ги следат известувањата и упатствата од своите банки.

ИЗДВОЕНИ