„Ова е внатрешно прашање на Соединетите Држави. Ние нема да се мешаме во ова на кој било начин, да го коментираме на кој било начин“, рече портпаролот на Кремљ. „Сигурни сме дека американскиот претседател сам ќе се справи со оваа ситуација.
Претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, на мрежата Х напиша: „Подготвени сме да помогнеме да се постигне мировен договор меѓу Д и И (Доналд и Илон) за разумна сума и да ги прифатиме акциите на Starlink како начин на плаќање. Не се расправајте, луѓе“.
Според Политико, Трамп и неговите соработници навестиле можна деескалација на тензиите со Маск. Во интервју за Политико, Трамп изјави дека не е загрижен за несогласувањата и дека „сè е во ред“. Белата куќа соопшти дека за денеска е закажан телефонски разговор меѓу Трамп и Маск во обид да ги решат несогласувањата.