четврток, февруари 5, 2026
Дома СВЕТ Обвинителот кој ги водеше случаите против Трамп планира оставка пред инаугурацијата

Обвинителот кој ги водеше случаите против Трамп планира оставка пред инаугурацијата

85

Американскиот специјален обвинител Џек Смит, кој водеше две истраги против новоизбраниот претседател Доналд Трамп, планира да се повлече со својот тим пред Трамп официјално да ја преземе функцијата, објави Њујорк Тајмс, повикувајќи се на извори.

Смит постапувал со случаи поврзани со доверливи документи што ги чувал Трамп откако тој ја напуштил Белата куќа, како и неговите напори да влијае на резултатите од претседателските избори во 2020 година, пренесува Ројтерс.

Трамп ги отфрли обвинувањата и во двата случаи и рече дека ќе го отпушти Смит веднаш штом стане претседател.

Министерството за правда не ги коментираше наведените тврдења.

ИЗДВОЕНИ