Издавачката куќа „Матица македонска“ ја објави книгата „Името: болка и екстаза“ од академикот Љупчо Коцарев и писателот Ефтим Клетников, која ќе биде промовирана вечер (18 часот) во Музејот на македонската борба за самостојност.

Промотори на изданието ќе бидат професорот д-р Трајче Стојанов и новинарот и поет Христо Ивановски.

„Македонците во модерната европска цивилизациска ситуација се сами и осамени во него. Сепак, и покрај сè, тие го знаеле и го знаат и денес излезот од тој темен лавиринт на цивилизацијата што ги ништи и се на самиот излез од него, но тука, наместо невиниот црн бик во центарот на класичниот митски лавиринт, сега во модерниот ги чека ѕверот на цивилизацијата настрвен на нив: Преспа 2018, отсечување на македонската идентитетска глава од иродовскиот Брисел и танцот со неа на новата постмодерна ЕУ – Саломе во Брисел и во Атина. Сега, засега. А нејзиниот крвав танц со таа мартирска глава е закажан и во Софија. Којзнае следниот пат уште кај. Сеедно. Но Македонија и Македонците и понатаму постојат како „ремек-дело на траење“, на постоење дури и зад бескрајот и вечноста. Толку многу е неуништливо тоа Господово семе, таа генетика на македонското битие…“, пишуваат Коцарев и Клетников во предговорот на книгата.

За време на промоцијата на книгата, како што е најавено, ќе се промовира и нацрт-резолуција за Меѓународен ден за осуда и спречување на геноцидот врз Македонците.

Настапот ќе биде проследен со настапат на хорот на пензионери „Елегија“ при општина Центар, под водство на Валери Стефановски и маестро Борис Трајанов.

ИЗДВОЕНИ