Јавниот повик за третата мерка Обука на работно место кај конкретен работодавец од Оперативниот план е објавена. Целта на оваа мерка е невработените лица да се стекнат со вештини за извршување на работните задачи во согласност со потребите на работодавецот, а со тоа и да се овозможи нивно вработување во истите компании. Оваа мерка ќе опфати 245 невработени лица, со фокус на корисници на гарантирана минимална помош, жени, Роми, млади до 29 години, лица со попреченост и долгорочно невработени.
-Агенцијата за вработување го распиша и четвртиот јавен оглас за мерки од Оперативниот план за вработување, а тоа е дел од обуките кои се реализираат со планот. Станува збор за подмерката „Обука на работно место кај конкретен работодавец“ со која на невработените лица им се овозможува обука во времетраење до (3) месеци во работните простории на работодавачите согласно со Програма за обука. Во овој период на невработеното лице ќе му биде исплатен месечен паричен надомест од 12.000 денари месечно со вклучено осигурување и данок на личен доход за времетраењето на обуката до 3 месеци, додека работодавецот има обврска да вработи најмалку 50% од вклучените лица во обуката со полно работно време во траење од најмалку 3 месеци. На работодавецот ќе му биде исплатен еднократен износ од 25.000 денари по обучено лице позавршена обука, кажа Ристески.