Финалето на Источната конференција на НБА почна на драматичен начин. Дури по продолжение, Њујорк успеа да слави над Кливленд со 115:104, поведувајќи со 1-0 во серијата.

Никс успеа да направи чудо, враќајќи се од огромна негатива, добивајќи го продолжението и, на крајот, победувајќи. Губеше со 93:71 на осум минути до крајот, а потоа го надмина дефицитот од 22 поени и, на крајот, победи. На самиот крај од регуларното време, Сем Мерил имаше отворен удар за победничката тројка по додавање од Џејмс Харден, но не погоди.

Пресвртот го донесоа неверојатните Џејлен Брансон со 38 поени, 6 асистенции и 5 скока, додека Мајкл Бриџис имаше 18 поени и 5 скока. За Кливленд, Донован Мичел постигна 29 поени со 5 скока и 3 асистенции, додека Еван Мобли постигна 15 поени и 14 скока.

ИЗДВОЕНИ