вторник, јануари 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Новогодишна магија во Штип

Новогодишна магија во Штип

109

Градот Штип блеска во новогодишно руво. Новогодишната елка со светилки во црвена боја го краси плоштадот „Слобода“, а центарот на градот веќе ја раскажува празничната приказна дополнета со детска радост, семејна топлина и искрено единство.

Мостовите се накитени со светилки, а има илјадници светилки и низ самиот град. Тука се и големи украсни топки направени од светилки, блескави ѕвезди пред кои се фотографираат и децата, но и возрасните.

И секако, голема елка, која е украсена со светилки во црвена боја.

 

 

ИЗДВОЕНИ