Жителите од северните и источните делови на округот Тулча во Романија утрово добија предупредување преку системот „RO-ALERT“ за можна опасност од паѓање дронови поради војната во Украина. Граѓаните се повикани да останат смирени и во следните 90 минути да се засолнат на безбедно.
Овој аларм следува по инцидентот во средата, кога на романската плажа Олимп беа пронајдени остатоци од дрон, по што локацијата беше евакуирана и блокирана. Романските власти сè почесто издаваат вакви предупредувања во пограничните региони поради интензивните руски напади во близина на нивната граница.












