четврток, февруари 12, 2026
Дома СПОРТ ОЛИМПИСКИ ИГРИ Новите дронови нудат „перспектива од прво лице“ во преносите од Олимписките игри

Новите дронови нудат „перспектива од прво лице“ во преносите од Олимписките игри

103
EPA/JURE MAKOVEC

Без разлика дали следат скијачи на брзи спустови или снимаат санки на падините, новите дронови со камери за „перспектива од прво лице“ им нудат на гледачите на Зимските олимписки игри возбудлива и динамична перспектива.

Таканаречените дронови со поглед од прво лице (FPV- first person view) се користат за прв пат на Зимските олимписки игри оваа година, а вкупно 15 од нив беа распоредени на натпревари за време на Олимпијадата Милано-Кортина, нудејќи им на гледачите уникатно искуство, објавува AFP.

Традиционалните дронови, кои се користат во телевизиските преноси повеќе од една деценија, се управуваат така што операторот гледа кон леталото. FPV дроновите, сепак, се контролирани од пилот кој носи специјални очила и користи контролер, што овозможува исклучително прецизна контрола.

Недостаток за телевизиските гледачи е постојаното зуење на дроновите, што ја нарушува тишината на планинскотот опкружување. Сепак, многу спортисти велат дека не им пречи тоа, дури и кога од дистанца се чини дека дроновите се премногу блуску.

– На снимката видов дека речиси ме удри, но не бев свесна за тоа додека возев – изјави австралиската сноубордерка Али Хикман за 7News.

Дроновите се особено корисни на лизгалиштата за мраз, во дисциплини како што се санкање, боб и скелетон, бидејќи овозможуваат висококвалитетно снимање без да мора да се поставуваат камери на секоја кривина.

ИЗДВОЕНИ